Духовден 2 ден и ракополагање на свештеник во Радовиш

image

Духовден 2 ден и ракополагање на свештеник во Радовиш

На 17. 06. 2018 година – Духовден 2 ден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот посветен на „Св. Троица“ во Радовиш, во сослужение на свештеници од радовишкото и штипското архиерејско намесништво, отслужи света архиерејска литургија. На Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Серафим Алексовски од Свети Николе и одража содражајна беседа за возвишеноста на свештеничкиот чин.

На крајот од светата литургија, Митрополитот г. Иларион, произнесе пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. На светата литургија присуствуваше многуброен православен верен народ како и ктиторот на храмот г. Ристо Гуштеров./span>