Вечерна, литија и духовна академија во Кочани на Празникот и Заштитникот на Градот „Св. ап. Петар“ - Петровден

image

Вечерна, литија и духовна академија во Кочани на Празникот и Заштитникот на Градот „Св. ап. Петар“ - Петровден

На 11. 07. 2019 година, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од брегалничката епархија. На Вечерната Богослужба, од Лесновскиот манастир, дел од моштиите, на Светиот Гаврил Епископот Велички Светогорец, беа донесени на поклонение во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, каде верниците со вера пристапија кон нив. На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на Светите апостоли Петар и Павле

и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одража пригодно слово. После вечерната богослужба, со иконата на Светите Апостоли Петар и Павле се изврши литија од храмот Св. вмч. Георгиј до Градскиот Плоштад во Кочани, каде Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на Градоначалникот на Општина Кочани г. Николчо Илијев и многуброен православен народ, го благослови и пресече празничниот леб. Истата вечер во 19 часот во НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани се одража духовна академија на која свој настап имаа Црковните хорови „Св. Лидија Македонска“ при Лесниовскиот манастир, хорот при храмот „Св. Климент и Св. Петка“ од Штип и детскиот хор „Св. Роман Слаткопевец“ при Лесниовскиот манастир, при што помеѓу настапите на хоровите беа прочитани делови од житијата на „Светите Апостоли Петар и Павле“, а на крајот свој музички настап со изворна музика имаше Илија Ќосевски и „Вез“ од Штип./span>