Осветување на црква во с. Трсино - Виница

image

Осветување на црква во с. Трсино - Виница

На 01. 08. 2019 година, преп. Макрина, преп. Диј Антиохиски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво, во годината кога МПЦ – ОА ја одбележува 1 150 години од упокојувањето на сесловенскиот просветител и рамноапостол, свети Кирил Солунски и 60 години од хиротонијата на блаженоупокоениот епископ Злетовско – струмички Наум – член на првиот Синод на возобновената Охридската архиепископија во лицето на МПЦ и 1 000 години Радовиш, ја освети новоизградената црква посветена на „Св. Троица“ во с. Трсино – Виница, и отслужи Света Архиерејска Литургија.

Храмот е изграден со средства од месното население. За оваа големо Нивно залагање, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион, им додели Благодарници и на сите помагатели и дарители им се заблагодари за несебичната помош на овој прекрасен Православен Македонски Божји бисер./span>