Литургија во манастирот на Пониква – Осоговски Планини

image

Литургија во манастирот на Пониква – Осоговски Планини

На 01. 09. 2019 година, 11 – та Недела по Педесетница, св. маченик Андреј Стратилат, преподобен Теофан, св. мч – ци Тимотеј, Агапиј и Текла, во манастирот Св. Василиј Велики, кој се наоѓа на 1 640 м2 на Осоговските Планини во месноста Пониква, кој беше осветен пред единаесет години, Неговото Високпреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи света архиерејска литургија, одража пригодно слово и го благослови и пресече празничниот леб.

На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ и ктиторите и градителите на овој свет манастир. За сите присутни беше организиран автобуски превоз и заедничка трпеза на љубовта./span>