Тодорова сабота, камен – темелник на камбанарија и административни простории со крстилна, во Свети Николе

image

Тодорова сабота, камен – темелник на камбанарија и административни простории со крстилна, во Свети Николе

На 06. 03. 2020 година, Тодорова сабота, Свети свештеномаченик Поликарп, Неговото Блаженство, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од МПЦ – ОА, во храмот „Св. Николај“ во Свети Николе, отслужи Света Архиерејска Литургија во присуство на многуилјаден народ, меѓу кои и Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Сашо Велков и ја благослови пченицата во чест на празникот - Тодорова сабота.

На Светата Литургија, Неговото Блаженство г. г. Стефан одража пригодно слово и го причести многуилјадниот православен народ со Телото и Крвта Христови. Истот ден, Неговото Блаженство, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, освети и постави камен – темелник за изградба на камбанарија и административни простории со крстилна, при храмот во изградба посветен на „Св. Лидија Македонска“ во Свети Николе./span>