Ракополагање на Св. Пантелејмон во село Пантелеј – Кочанско

image

Ракополагање на Св. Пантелејмон во село Пантелеј – Кочанско 

На 09. 08.2020 год. во манастирот „Св. Вмч. Пантелејмон“ – село Пантелеј Кочанско, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение со свештеници од Епрархијата отслужи Света Архиерејска Литургија на која во чин свештеник го ракоположи ѓакон Димитар Арсовски од Кочани. 

 На Литургијата Мирополитот одржа содржајна беседа, а по завршувањето на Литургијата го благослови празничниот леб. Помеѓу многубројниот верен народ беше и амбасадорот на Република Македонија во Италија г-динот Стојан Китанов.