10 седмица по Педесетница во Кочани и пристигнување на чудотворната икона Пресвета Богородица Вратарница

image

 

 10 седмица по Педесетница во Кочани и пристигнување на чудотворната икона Пресвета Богородица Вратарница 

На 16.08.2020година на голема радост на сите верни денес во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани беше донесена копија од чудотворната икона на Пресвета Богородица Вратарница – Иверска, во православниот свет позната како Портаитиса. По овој торжествен повод се 

отслужи Света Архиерејска Литургија на  која чиноначалствуваше  Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски господин Јосиф Света Архиерејска Литургија на  која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски господин Јосиф во сослужение на нашиот Митрополит Брегалнички господин Иларион и Високопресветениот Митрополит Кумановско-осоговски господин Григориј. За време на Светата Литургија многубројниот верен народ се поклони на чудотворната икона и се причести со Светите Христови Дарови, а Високопресветениот Митрополит Кумановско-осоговски господин Григориј изговори содржајна беседа за христијанскиот живот. По завршувањето на Литургијата пред Иконата се отслужи Молебен канон со Акатист кон Пресвета Богородица, по што иконата беше однесена во манастирот посветен на Св. Вмч. Пантелејмон во село Пантелеј – кочанско каде ќе биде изложена за поклонение.