Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип

image

 

 Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип


На 28.08.2020 год. кога го славиме големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на повеќе свештеници од епархијата отслужи Света Архиерејска Литургија
во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Пробиштип. Пред почетокот на Боженствената 

Литургија Неговото Високопреосвештенство го прозиведе во чин чтец богословот Христијан Моневски од Пробиштип. По причстувањето на многубројниот верен народ Неговото Високопреосвештенство одржа содржајна беседа, а по завршувањето на Литургијата го благослови и пресече празничниот леб.