Камен темелник за изградба на црква во с. Немањици – Свети Николе

image

Камен темелник за изградба на црква во с. Немањици – Свети Николе

На 13. 11. 2014 година, Св. апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис и други, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Свети Николе, го изврши чинот осветување и поставување на камен темелник за изградба на нова црква на некогашни темели на стара црква посветена на „Св. пр. Илија“ во близина на с. Немањици – Свети Николе.

На чинот на осветувањето и поставувањето на камен - темелникот присуствуваа многубројен православен народ како и Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Зоран Тасев, Пратеничката во Собранието на РМ г – ѓа Благица Ласоска од Свети Николе и Претседателот на Советот на Општина Свети Николе г. Илија Стоилов.