Осветување на новоизградениот параклис, посветен на „Св. Климент Охридски “, во Пробиштип

image

Осветување на новоизградениот параклис, посветен на „Св. Климент Охридски “, во Пробиштип

На 07. 06. 2015 година, 1 – ва Недела по Педесетница на Сите Светии, 3 – то наоѓање на главата на св. Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Кумановско – осоговски г. Јосиф, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Тетовско - гостиварски г. Јосиф и Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот на лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од МПЦ – ОА, по повод 70 годишниот Јубилеј од одржувањето на Првиот Црковен – народен собор во месец Март 1945 г. во Скопје, го освети новоизградениот параклис, посветен на „Св. Климент Охридски “, во Пробиштип,

отслужи Света Архиерејска Литургија и одража пригодна беседа. Митрополитот Брегалнички г. Иларион Им се заблагодари на Митрополитите за осветувањето и отслужената света архиерејска литургија и на сите кои помогнаа за изградбата на на овој велелепен параклис им додели Благодарници. На чинот на осветувањето и светата литургија присуствуваше многуброен народ меѓу кои и Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Тони Тоневски, Заменик Министерот на АРМ г. Емил Димитриевски, г. Чедо Петров – привтен бизнисмен и други јавни личности.