Осветување на новоизградениот храм, посветен на „Св. Климент Охридски “, во месноста Пониква - Кочани, ктиторско дело на г. Благој Ситновски со неговото семејството

image

Осветување на новоизградениот храм, посветен на „Св. Климент Охридски “, во месноста Пониква - Кочани, ктиторско дело на г. Благој Ситновски со неговото семејството

На 13. 09. 2015 година, Недела 15- та по Педестница, Полож. Појас на Пресв. Богородица, св. Кипријан Картагински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочани, по повод 70 годишниот Јубилеј од одржувањето на Првиот Црковен – народен собор во месец Март 1945 г. во Скопје, го освети новоизградениот храм, посветен на „Св. Климент Охридски “, во месноста Пониква - Кочани, ктиторско дело на г. Благој Ситновски со неговото семејството.

По осветувањето Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа содржајна пригодна беседа. По чинот осветувањето и литургијата, ктиторот г. Благоја Ситновски на свечен начин ја предаде новоизградената црква на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија. За оваа големо ктиторско дело, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион го одликуваше со златен орден со ликот на „Св. Николај Мирликијски Чудотворец“. Ктиторот г. Благоја Ситновки од свое лично име Му се заблагодари на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и на сите кои работеа на изградбата на овој велелепен храм. За сите присутни во семејната викедницата на г. Благој Ситновски беше организирана заедничка трпеза на љубовта.