Пристигање на копија од чудотворната икона Пресвета Богородица Вратарница - Иверска-Портаитиса

image

Пристигање на копија од чудотворната икона Пресвета Богородица Вратарница - Иверска-Портаитиса

Браќа и сестри во Христа Ве известуваме дека во недела (16.08.2020) во 08.00 часот во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани ќе имаме особена чест да ни пристигне копија од чудотворната икона Пресвета Богородица Вратарница - Иверска (во православниот свет позната како Портаитиса).Токму поради овој радосен момент за нас православните,

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение со повеќе свештеници од епархијата ќе отслужи Света Архиерејска Литургија. Чудотворната икона на Пречистата Мајка ќе биде изложена за поклонение, за потоа да биде пренесена во манастирот „Св. Вмч. Пантелејмон“ во село Пантелеј. Повелете сите на поклонение и заедничка молитва кон Владичицата.