Вечерна и Духовна Академија во Виница на Празникот и Заштитникот на на Градот Св. ап. Павле – Собор на 12 – те Апостоли

image

По повод  Празникот и Заштитникот на Градот Виница Свети Апостол Павле – Собор на 12 – те Апостоли и оваа година, Советот на Општина Виница, изготви посебна програма за одбележување на денот на градот.

На 12. 07. 2010 година, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот Св. Архангел Михаил во Виница, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на свештеници од брегалничката епархија, а во прекрасното источно пеење на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството.

На вечерната богослижба на Литијните стихири се изнесе иконата на Свети апостол Павле и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одржа пригодно слово.

Во 20:00 часот, во присуство на многуброен православен народ, се одржа духовна академија салата при Општинската зграда. На духовната академија настап имаше хорот при храмот Св. вмч Ѓорѓи во Кочани со пеење на тропарот на Светите апостоли Петар и Павле и други црковни песни помеѓу кои имаше цркони рецитали од житијата и книгите на Светите апостоли Петар и Павле. На духовната академија свои обраќања имаа Градоначалникот на Општина Кочани г. Емил Дончев и Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На Духовнта академија по повод Празникот  на Градот беа доделени благодарници на сограѓани од Виница за особени достигнувања и придонес за развој и афирмација на Општина Виница.