Литургија на Св. Марина во Марена, метох на Лесновскиот манастир

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/marina//

На 30. 07. 2010 година на Празникот Св. вмч – чка Марина (Огнена Марија), во манастирот посветен на Животворниот Извор на Пресвета Богородица, кој манастир се наоѓа во месноста Марена – Злетово и метох на Лесновскиот манастир, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин со братството, отсужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.