Илинден во Македонска Каменица

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/ilinden//

На 02. 08. 2010 година на црковно националниот празник Св. пр. Илија – Илинден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во храмот поветен на овој светител, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, отсужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија, со благослов на Митрополитот г. Иларион, пред многубројниот народ, Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин ја произнесе Пазничната посланица од САС на МПЦ. По отслужената света литургија Митроплитот г. Иларион го благослови и пресече празничнот леб и изврши помен на сите загинати борци за Р. Македонија, пред Илинденското, за време на Илинденското и по Илинденското Востание.

Истиот ден, во храмот посветен на Успението на Пресвета Богородица во Делчево, Митрополитот г. Иларион ја изврши Светата Тајна Брак врз младенците Мики и Весна, ќерка на протоерејот – ставрофор Атанас Поповски, архиерејски намесник на делчевското намесништво.