На Преображение во Штип

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/probrazenie//

На 19. 08. 2010 година, кога Светата Православна Црква го празнува Преображението на Господа Исуса Христа, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на парохиските свештеници од Штип, отслужи света архиерејска литургија во Соборниот храм Свети Николај во Штип.

На светата литургија, Митрополитот г. Иларион, пред многубројниот народ, произнесе пригодна беседа за постот и светата тајна причест и Христовото Преображение како утеха и надеж за вечен живот, по што го благослови новиот лозов плод. На светата литургија над илјада верници пристапија кон Светата Тајна Причест.