Вечерна и Духовна Академија во Радовиш на Патронот и Заштитникот на на Градот Св. мч. Спасо Радовишки

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/spaso//

На 20. 08. 2010 година, трета година по ред, на Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш - Св. мч. Спасо Радовишки, со изготвена посебна програмаза одбележување, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот Св. Троица во Радовиш, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од радовишкото архиерејско намесништво.

На вечерната богослижба на Литијните стихири се изнесе иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одржа пригодно слово.

Во 19:30 часот, во присуство на многуброен православен народ, се одржа духовна академија во Центарот за Култура во Радовиш. На духовната академија настап имаше Црковниот хор Свети Спасо Радовишки со пеење духовно црковни песни помеѓу кои имаше цркони рецитали од житието на Светиот маченик Спасо Радовишки. На духовната академија свое обраќање имаше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион кој се заблагодари на сите кои од пред три години помогнаа и официјално да се прогласи и слави Светиот маченик Спасо Радовишки како Патрон и Заштитник на Градот Радовиш, како што прилега на Светителот кој е роден токму во Радовиш и по таа пригода на сите кои помогна и сеуште помагаат за торжествено прославување, и дарителите за изградбата на параклисот на Плоштадот во Радовиш, кој е посветен токму на Патрнот и Заштитникот на Градот Радовиш – Светиот маченик Спасо Радовишки, од името на свештенството, монаштвото и целокупниот верен народ во Брегалничката епархија и од Свое Лично Име им додели Благодарници за севкупната помош. По ова свое обраќање имаше и Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков кој рече дека овој ден е посебно многу важен за целата Општина и целиот народ кој живее во Радовиш бидејќи Светот маченик Спасо Радовишки го чува и заштитува Градот Радовиш.

По ова Митрополитот г. Иларион, Градоначалникот на Општина Радовиш г. Роберт Велков, Пратеници во Собранието на РМ од Радовиш, Претседтелот на Советот и Советници во Општина Радовиш, како и сите присутни на Духовната Академија, со голема радост го посетија прекрасниот параклис, посветен на Светиот маченик Спасо Радовишки, изграден токму во Центарот на Радовиш на самиот Плоштад кој ќе остане траен белег на православието во Радовиш.