Вечерна на Успение на Пресв. Богородица во Пробиштип

Could not open a directory stream for /home/bregalnickaeparh/public_html/images/stories/probistipp//

На 27. 08. 2010 година, вечерта на Празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин, парохиските свештеници од Пробиштип и ероѓакон од Лесновскиот манастир, во храмот посветен на Успиението на Пресвета Богородица во Пробиштип, отсужи празнична вечерна богослужба и го благосови и пресече празничниот леб. На карајот од вечерната богосужба, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа и Им го честита храмовиот празник на Пробиштипјани. На вечерната богослужба покрај многубројниот православен народ присуствуваше и Заменикот Министер за Одбрана г. Емил Димитриевски, Градоначалникот на Општина Пробиштип г. Тони Тоневски и Претседателот на Советот на Општина Пробиштип г. Ранко Давитков.