Осветена црква во с. Градец– Виница

image

На 19. 11. 2011 година, Св. Павле патријарх Цариградски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на свештеници од Брегалничката епархија, ја освети новоизградената црква посветена на „Св. пр. Илија“ во с. Градец – Виница и отслужи Света Архиерјска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа во која ја искажа Својата радост за изградбата на овој прекрасен Божји дом и на сите што помогнаа во изградбата на овој свет храм им додели Благодарници од името на МПЦ - ОА – Брегалничка епархија. На чинот на осветувањето присуствуваше многуброен православен народ како и преставници од Општинита Виница и личности од Јавниот и Приватниот сектор.