Параклис “Свети Архангел Михаил” (Фитијата) – Штип

Параклис “Свети Архангел Михаил” (Фитијата) – Штип. Изграден е лево од патот кој води од подградието кон главниот влез на тврдината Исар во 1332 година. Формата на градбата е крстообразна изградена со сиво зелен пештер и цигли со малтер, со живописни фасади и складни архитектонски форми. Во моментов црквата нема фрескоживопис, но постојат докази дека црквата била фрескоживописана. Во време на турското освојување постоела како црква, која Али Бег ја претворил во џамија, со што се уништил и фрескоживописот. Во 2000 година е направен нов иконостас од мермер и се изработени нови икони, кои се дело на зограф Перо од Скопје.