Артикли

Преосветување на Црква, Литургија и производство во протоѓакон во Свети Николе

image

На 01. 11. 2011 година, Св. Прохор Пчињски, прен. мошти на св. Јован Рилски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Свети Николе, го изврши чинот преосветување на возобновената стара црква во Свети Николе, која досега го носеше името на Св. Николај, а над неа е изградена нова црква посветена на истиот светител и со овој свечен и молебен чин изјави дека во иднина возобновената стара црква ќе го носи името на Светиот отец Прохор Пчињски и отслужи Света Архиерејска Литургија . На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион го произведе во протоѓакон ѓаконот Тони Петрушевски од Свети Николе. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларон одржа содржајна пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. По ова беше организирана заедничка трпеза на љубовта од овогодишниот кум сопственикот на ресторанот „Мечкуевска Куќа“ во Свети Николе.