БИБЛИОТЕКА

Камен темелник за изградба на нова црква во с. Мородвис – Општина Зрновци

image

На 05. 06. 2012 година, Духовден 3 ден, Препод. Михаил епископ Синдедски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион најпрвин ја посети реновираната црква „Св. Вмч. Димитриј“ во с. Зрновци, па потоа ја посети црквата во изградба „Св. Климент Охридскиот Чудотворец“ во с. Видовиште, и потоа, во сослужение на свештеници од кочанското архиерјско намесништво, го изврши чинот осветување и поставување на камен темелник за изградба на нова црква посветена на Светата Троица во с. Мородвис, Општина Зрновци. Црквата ќе се гради од средства на Општина Зрновци, а по изградбата на свечен начин, на самото осветување ќе биде предадена во сопственост и владение на МПЦ – ОА, односно на Брегалничката епархија . На чинот на осветувањето и поставувањето на камен - темелникот присуствуваа многубројен православен народ како и Градоначалникот на Општина Зрновци г. Блаже Станков и преставници од соседните Општини.