Воскресение – Втор ден во Кочани
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 02 Мај 2019
- Посети: 2552
Воскресение – Втор ден во Кочани
Митрополитот Брегалнички г. Иларион на Воскресението Христово – Втор ден (29. 04. 2019 година), отслужи света воскресенска литургија во храмот посветен на „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово и на Своите верни чеда им го честита Празникот над Празниците – Воскресението Христово.
Читање на Евангелието на разни јазици
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 28 Април 2019
- Посети: 2466
Читање на Евангелието на разни јазици
Во Соборниот храм Свети Николај во Штип, на 28. 04. 2019 година, беше отслужена празнична вечерна со читање на Евангелието на разни јазици. Чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На празничната вечерна покрај многубројниот православен народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина Штип г. Благоја Бочварски и други јавни личности.
Христос Воскресе! – Навистина Воскресе!
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 28 Април 2019
- Посети: 2558
Христос Воскресе! – Навистина Воскресе!
На големо изненадување и радост за сите верници и оваа година токму на Велигден, Митрополитот Брегалнички г. Иларион Го донесе Благодатниот оган кој го симболизира излегувањето од гробот на Вистинската Светлина, т.е. Воскресението Христово. Го пречека свештениците од сите архиерејски намесништва и верниците кои го примаа Благодатниот оган. Биењето на камбаните пред полноќ ги повика граѓаните на Штип масовно да го прослават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – ВЕЛИГДЕН, во Соборниот храм Свети Николај во Штип, каде што богослужеше Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Оплакување Христово – Велики Петок
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 26 Април 2019
- Посети: 2569
Оплакување Христово – Велики Петок
На 26. 04. 2019 година, Велики Петок, во 18 – часот, во Соборниот храм Свети Николај во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи бдение со пеење на статиите (Оплакување Христово) и се изнесе светата Плаштаница околу храмот, а на крајот од службата Митрополитот г. Иларион произнесе пригодно слово.
Велики Петок – Царски часови со Вечерна
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 26 Април 2019
- Посети: 2235
Велики Петок – Царски часови со Вечерна
На 26. 04. 2019 година, Велики Петок, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на штипските парохиски свештеници, во Соборниот храм Св. Николај во Штип ги отслужи царските часови, Вечерната, Го симна Телото на Господ Исус Христос од светиот Крст и ја изнесе светата Плаштаница и ја постави во гробот.
Велики Четврток во Штип
- Детали
- Родителска категорија: Вести
- Објавено: 25 Април 2019
- Посети: 1892
Велики Четврток во Штип
На 25. 04. 2019 година, во Соборниот храм Свети Николај во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи бдение со читање на 12 – те страдални Евангелија. По петото евангелие, Митрополитот г. Иларион, го изнесе светото Распјатие, пред кое сите се поклонија и на крајот од службата Митрополитот произнесе пригодно слово.