Прослава по повод Почетокот на жнеењето на оризовите полиња во кочанско
На 01.10.2023 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион присуствуваше на прославата по повод Почетокот на жетвата на оризот во с. Мојанци, кочанско. На прославата присуствуваа градоначалникот на општина Кочани, г. Љупчо Папазов, повеќе Амбасадори во Р. Македонија и други видни личности. Нека е од Бога благословено!

