Света Архиерејска Литургија и востоличување на Епископот Делчевско-каменички г. Марко во Делчево
На 17.09.2023 година, Недела 15-та по Педесетница, св. свешт-мч. Варвил, пророк и боговидец Мојсеј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Епископот Делчевско-каменички г. Марко, а сослужуваа Митрополитот Крушевско-демирхисарски г. Јован, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Врањски г. Пахомиј, Епископот Австриско-швајцарски г. Андреј и Епископот Нишки г. Арсениј во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Делчево. На крајот од Божествената Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион го изврши чинот на востоличување на Епископот Делчевско-каменички г. Марко. На многаја лета!!!

