Осветување на Крст за купола во с. Бели, кочанско
На 24.06.2023 година, св. ап-ли Вартоломеј и Варнава; преп. Софрониј Есекски, Неговото Високопресвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Кочанското Архиерејско намесништво и во присуство на верен Православен народ, го изврши чинот освет на Крст за купола на храмот во изградба посветен на “Св. Вознесение Христово” во с. Бели, кочанско.

