Недела 6-та на Воскресение (Недела на Слепиот) и храмова слава во с. Богословец
На 21.05.2023 година, Недела 6-та на Воскресение (Недела на Слепиот), св. ап. и ев. Јован Богослов; преп. Арсениј; св. Емилија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Штипското Архиерејско Намесништво во храмот “Св. Ап. и Ев. Јован Богослов” во с. Богословец, светиниколско. За време на Божествената Литургија протоерејот Зоран Мицевски од Свети Николе беше произведен во чин протоереј-ставрофор, односно со право на носење на Граден Крст, по одлука на Светиот архиерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а по предлог на надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

