Воскресение Христово – Велигден
На 16.04.2023 година, кога Светата Православна Црква го прослави најторжествениот празник, празникот над празниците, Воскресението Христово – Велигден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, изврши литија и го сподели Благодатниот оган, кој претходно пристигна во Брегалничката Епархија, и го поздрави многубројниот верен народ со најрадосниот поздрав “ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!” Потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион, отслужи Воскресна Утрена Богослужба и Пасхална Света Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во Соборниот храм “Св. Николај” во Штип. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

