Статии на Велики Петок и литија со Плаштаницата
На 14.04.2023 година, Велики Петок – вечерта, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Утрена Богослужба со пеење на Статиите на Велики Петок и Литија со Плаштаницата, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во Соборниот храм “Свети Николај” во Штип.

