Велика Среда и Литургија на Претходно Осветени Дарови во Штип
На 12.04.2023 година, Велика Среда, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Литургија на Претходно Осветени Дарови во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во Соборниот храм “Свети Николај” во Штип.

