Недела Четврта на Великиот Пост (на Свети Јован Лествичник) во Пробиштип
На 26.03.2023 година, Недела Четврта на Великиот Пост (на Свети Јован Лествичник), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Василиева Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Успение на Пресвета Богородица” во Пробиштип. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа, а верниот народ се причести со Телото и Крвта Христова.

