Акатист на Пресвета Богородица во Виница
На 24.03.2023 година, Петок од Четвртата Недела на Великиот Пост, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Мало Повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, во храмот “Св. ап. Лука” во Виница. На крајот од Малото Повечерие, Митрополитот г. Иларион го благослови петолебието и одржа содржајна беседа.

