
Сослужување со Бугарската Православна Црква во Пловдивската Митрополија
На 02.02.2023 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, на покана од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Пловдивски г. Николај, сослужуваше на Светата Архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Надлежниот Митрополит Пловдивски г. Николај и повеќе Архиереи на БПЦ и свештенослужители на МПЦ-ОА и БПЦ, во Соборниот храм “Св Марина” во Пловдив – БПЦ, а по повод празникот Сретение Господово (по нов стил). Со ова заедничко и братско сослужување се исполнува Господовата заповед која вели: “љубете се и сакајте се и по тоа ќе ве познаат дека сте мои ученици…”
