
Прослава на споменот на Светиот Гаврил Епископ Велички – Светогорец во Лесновскиот манастир
На 12.01.2023 година, кога Светата Православна Црква и Лесновскиот Манастир го празнуваат споменот на Светиот Гаврил Епископ Велички – Светогорец, во Лесновската Света Обител беше отслужена Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Волоколамски г. Антониј, викар на Неговата Светост Рускиот Патријарх г.г. Кирил, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужители од Руската, Романската и Македонската Православна Црква. На крајот од Литургијата Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан одржа пригодна и содржајна беседа, а многубројниот верен народ се причести со Телото и Крвта Христова. НА МНОГАЈА ЛЕТА!!!
