
Чествување на Свети Николај, заштитник и патрон на градот Штип и Брегалничката Епархија
На 19. 12. 2022 година, на празникот на Свети Николај Мирликиски Чудотворец, кој е Заштитник и Патрон на градот Штип и Брегалничката Епархија, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Неговото Преосвештенство Епископот Стобиски г. Јаков, во сослужение на свештеници од Брегалничката Епархија, отслужија Света Архиерејска Литургија во Соборниот Епархиски храм “Св. Николај” во Штип. Пригодна беседа одржа Епископот Стобиски г. Јаков. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ кој со искрена вера дојде да се помоли и поклони пред моштите на Светиот Николај Чудотворец кои беа донесени од манастирот Св. Гаврил Лесновски во Лесново на поклонение во Штип. По Светата Литургија, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Епископот Стобиски г. Јаков, заедно со Градоначалникот на Општина Штип г. Иван Јорданов, свештенослужителите и многубројниот православен народ, извршија Литија од Соборниот храм Св. Николај до Градскиот Плоштад во Штип, каде го благословија и пресекоа славскиот колач, по што надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа. Истотака свој говор имаше и Градоначалникот на Општина Штип г. Иван Јорданов кој на сите граѓани Им го честита Патронот и Заштитникот на градот Штип.
