
Недела 25-та по Педесетница кога Светата Православна Црква го празнува празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста
На 04.12.2022 година, Недела 25-та по Педесетница , кога Светата Православна Црква го празнува празникот Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица “ во Делчево. На литургијата во чин протоереј го произведе ереј Никола Воиновски .На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа а верниците се причестија со Телото и Крвта Христови.
