На Свети Нектариј Егински во манастирот „Св. вмч. Пантелејмон“
На 22.11.2022 година, кога Светата Православна Црква го празнува празникот на преподобната Матрона, преподобен Јован Колов, свети Нектариј Егински и празникот на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничк“ Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во параклисот посветен на „Св. Нектариј Егински“ при манастирот Св. вмч. Пантелејмон во с. Пантелеј – Кочанско. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа содржајна беседа и го благослови и пресече празничниот леб.

