Преподобна Параскева (Петка) Епиватска – Петковден во с.Тркање – Кочанско
На 27.10.2022 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Преподобната Параскева (Петка) Епиватска – Петковден, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката Епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Св. Николај“ во с. Тркање – Кочанско. На крајот од Литургијата, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и одржа содржајна беседа.

