Свети апостол и евангелист Лука во Виница
На 31.10.2022 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на Светиот апостол и евангелист Лука, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и свештенослужители од МПЦ-ОА, отслужија Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети апостол и евангелист Лука“ во Виница. На крајот од Литургијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел одржа содржајна беседа, по што извршија освет на административната зграда и крстилницата при храмот и извршија мал водосвет и го благословија и пресекоа празничниот леб.

