Посета на манастирот Св. Прохор Пчињски и годишен помен
На 25 јуни 2026 година, преп. Онуфриј Велики, преп. Петар Атонски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Австралиско-новозеландски г. Никола, го посетија манастирот “Св. Прохор Пчињски”, СПЦ, каде срдечно беа пречекани од Надлежниот Архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Врањски г. Пахомиј и братството на манастирот. При посетата Митрополитите г. Иларион и г. Никола извршија годишен помен за покој на душата на блаженоупокоениот Архимандрит Пајсиј Светогорец и Хиландарец и Игумен на манастирот “Св. Прохор Пчињски”.

