На 14 октомври 2026 година, кога Светата Православна Црква го прославува празникот Покров на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Покров на Пресвета Богородица” во Ново Село, Штип. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.































