На 18 октомври 2026 година, Недела 20-та по Педесетница, св. мч-чка Харитина; св. свешт-мч. Дионисиј Александриски; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Штипското архиерејско намесништво, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. пр. Илија” во с. Црнилиште, светиниколско. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. А по завршувањето на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион изврши освет на камен темелник за изградба на камбанарија при храмот “Св. пр. Илија” во с. Црнилиште. Нека е честито и од Бога благословено!




































