На 27 Октомври 2026 година, кога се прославува споменот на преподобната Параскева – Петка (Епиватска), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители на МПЦ-ОА, во храмот “Св. Јоаким Осоговски” во с. Јакимово, виничко. На крајот од Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. А по завршувањето на Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион изврши освет на двата крста за куполите и освет на трпезаријата при храмот “Св. Јоаким Осоговски” во с. Јакимово.
































