На 31 октомври 2026 година, кога Светата Православна Црква прави спомен на светиот апостол и евангелист Лука; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот посветен на “Светиот апостол и евангелист Лука” во Виница. На крајот од Литургијата Митрополитот г. Иларион произнесе пригодна беседа, изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. По завршувањето на Божествената Литургијата, Митрополитот г. Иларион изврши освет на работните простории во камбанаријата при храмот “Св. Ап. и Ев. Лука”.

















































