На 14 ноември 2026 година, кога се прославува споменот на светите бесребреници Козма и Дамјан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот “Св. бесребреници Козма и Дамјан” кој се наоѓа во дворот на Клиничкиот центар во Штип. На крајот од Божествената Литургија со благослов од Митрополитот г. Иларион, пригодна беседа одржа Архиерејскиот намесник на штипското намесништво протоереј-ставрофор Влатко Мирасчиев, а потоа Митрополитот г. Иларион изврши мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб.






























