На 21 ноември 2026 година, во навечерието на Недела 25-та по Педесетница, преп. Матрона, св. Нектариј Егински, преп. Јован; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи воскресна вечерна богослужба во манастирот посветен на “Св. вмч. Пантелејмон” во с. Пантелеј, кочанско. За време на вечерната богослужба сестрата Снежана прими монашки потстриг и го доби името Салафаила, потстригот го изврши Надлежниот Архиереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На крајот од вечерната, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.






























