Празнична вечерна богослужба и монашки потстриг во Лесновската света обител
На 27 мај 2026 година, во навечерието на празникот посветен на светиот Гаврил Епископ Велички, Светогорец; Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во манастирот “Св. Гаврил Лесновски” во Лесново. За време на вечерната богослужба братот Ристе прими монашки потстриг (мала схима) и го доби името Гаврил, потстригот го изврши Надлежниот Архиереј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион. На крајот од Празничната вечерна, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

