Празнична вечерна богослужба во с. Ерџелија, светиниколско
На 23 мај 2026 година, во навечерието на празникот на сесловенски просветители, светите браќа Кирил и Методиј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Празнична вечерна богослужба во храмот посветен на “Св. ап. Павле” во с. Ерџелија, светиниколско. На крајот од вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион го благослови и пресече петолебието и одржа пригодна беседа.

