Чествување на Светиот Великомаченик Георгиј и храмова слава во Кочани
На 06 мај 2026 година, Преполовение и кога се прославува споменот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија, во храмот “Св. вмч. Георгиј” во Кочани. На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

