Недела 3-та на Воскресение (на Мироносиците), Света Архиерејска Литургија во Св. Николе
На 26 април 2026 година, Недела 3-та на Воскресение (на Мироносиците), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенослужители од Штипското архиерејско намесништво во храмот “Св. Лидија Македонска” во Свети Николе. Пред почетокот на Божествената Литургија, Митрополитот г. Иларион, во чин чтец го произведе теологот Стефан Генев од Св. Николе. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!! – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!!!

